Фудбал

Кулушевски од Македонија доаѓа на помош на Роналдо

Од следниот месец, офанзивата на Јувентус ќе биде посилна за Дејан Кулушевски, 20-годишниот Швеѓанец со македонски корени, кој беше донесен од Аталанта воЈувентус во јануари за 30 милиони евра.

Кулушевски ја мина сезоната на позајмица во Парма, каде по само половина година успеа да освои трансфер во италијанскиот шампион, а шест месеци подоцна стана најдобриот млад играч во Серија „А“ според порталот „Фудбал Италија“.

Затоа, очекувањата во Торино се веќе големи бидејќи тренерот Маурицио Сари го гледа како еден од главните офанзивни играчи и како голема помош на Кристијано Роналдо кој оваа сезона одигра бледо Јувентус, кој на крајот успеа да го освои Скудетото со бод пред Интер.

Португалецот од соиграчите во нападот го имаше само расположениот Пауло Дибала, а другите колеги имаа сезона која треба побрзо треба да ја заборават.

Кулушевски, кој во Шведска е нарекуван новиот Златан Ибрахимовиќ поради неговата конституција и начинот на игра, веќе се спријателил со Роналдо, кој го воодушевил веднаш кога го запозна.

Го маѓепса Јувентус за само половина година

Кулушевски играше кратко за селекцијата У-16 на Македонија, а од У-17 конкуренцијата ја претставуваше Шведска во сите јуниорски категории и го направи своето деби за таа земја во ноември минатата година против Фарските острови (3:0) во квалификациите за Европското првенство.

„Роден сум во Шведска. Јас го поминав целиот мој живот овде. Тешка е одлуката, но мислам дека е вистинската“, рече тој за шведските медиуми во тоа време.

Кулушевски ја заврши сезоната во Парма со забележителен број – 39 натпревари (36 првенство, три во Купот) постигна десет гола и асистираше за девет, што е квалитетен настап за еден млад играч во Калчото, особено со фактот дека играше за просечен тим. .

Сега доаѓа во голем клуб каде ќе биде соиграч на Кристијано Роналдо, кој го воодушевил со неговата пристапност.

Кулушевски: Роналдо? Се шегувавме, но не можам да ви кажам што

Имено, Португалецот лично го пречека Кулушевски во јануари, кога младиот Швеѓанец дојде во Торино на лекарски прегледи да потпише договор со Јувентус.

„Го запознав пред тоа и беше многу возбудливо. Кога во јануари дојдов да потпишам за Јувентус, Кристијано ми се придружи во клупските простории со Киелини, Буфон и Бонучи за да се сретне со мене лично. Се шегувавме пред натпреварот Јувентус и Парма, но тоа што го кажавме тогаш не можеме во јавност. Кристијано изгледа како голема sвезда однадвор, но преку разговор со него открив едно пристапно момче“, рече Кулушевски за „Тутоспор“.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, го гледа како „десетка“, веднаш зад напаѓачот, иако Дејан може да игра на двете крилни позиции, како и на врвот.

„Од јануари ги гледав внимателно сите натпревари на Јувентус за да ја разберам играта и да видам што можам да и дадам на екипата. Тие се фантастични. Сари се фокусира многу на доминацијата и поседот на топката и играчите се многу блиски. Во Јувентус ќе го најдам фудбалот што го сакам, со многу посед, важно е да се движите многу“.

Тој ќе направи краток одмор од сезоната во Македонија и Шведска, по што следува ново докажување.

Поврзани вести

Јунајтед категоричен за својата голема sвезда

Влатко Зорба

Серија „А“ има две опции да ја продолжи сезоната

Валверде за времето во Барселона: Беше напнато две и пол години

Никола Поповски

Сити во проблеми: Двајца фудбалери позитивни на коронавирус

Никола Поповски

Петмина бугарски навивачи уапсени за расистички навреди на англиските фудбалери

Влатко Зорба

Проблеми за Јуве: Роналдо „заробен“ во Португалија