Фудбал

Кутињо во Челси за 90 милиони?

Изгледа дека Челси ја губи битката со Манчестер Јунајтед околу доведување на Џејдон Санчо, па се сврте кон Барселона – го сака Филипе Кутињо, пренесуваат англиските медиуми.

Бразилецот е на позајмица во Баерн, но се повеќе се зборува дека тој ќе се врати во Каталонија во текот на летото затоа што на Баварците не им се даваат 120 милиони евра за него.

Менаџерот на „сините“, Френк Лампард, го цени Кутињо, а клубот верува дека Барса би се согласила на компензација од 90 милиони евра.

Пред неколку дена, тренерот на Барселона, Кике Сетиен истакна дека го гледа Кутињо во својот тим, така што не е исклучена можноста поранешниот фудбалер на Ливерпул да остане на „Ноу Камп“.

Поврзани вести

Икарди го избира Наполи?

Познато каква повреда има Ибрахимовиќ

Сити подготвува офанзива за Кулибали

Влатко Зорба

Фудбал: Динамо Киев ја елиминира Шкендија од младинската ЛШ

user5

Обамејанг прв фудбалер на Арсенал во последните 22 години со седум гола во почетните седум кола

Влатко Зорба

Капитените на Барса се за намалување на платите