Фудбал

Квалификации за женското ЕП 2021: Андонова и Рочи го решија Казахстан

Македонската женска фудбалска репрезентација го совлада Казахстан со 4:1 во вториот меч во квалификациската група Г за пласман на Европското првенство во 2021 година. Победникот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ попладнево беше решен по неполн пола час игра во кој избраничките на селекторот Кирил Изов веќе имаа убедливи 3:0.

По два гола за „црвено-жолтата“ селекција постигнаа Наташа Андонова (6 и 28 минута) и Гентијана Рочи (14 и 75 минута), почесниот за гостинскиот тим го даде Јулија Мјасникова во 73. минута.

Двете селекции го завршија мечот со фудбалерка помалку. Кај македонската „поцрвене“ Јулија Живиќ, а кај казахстанската Аида Гаистенова. 

Наредниот меч за македонските фудбалерки е на 5 октомври против Србија, исто така, во Скопје. 

Поврзани вести

УЕФА донесе одлука за учеството на тимовите во евротурнирите

Елмас во новиот видео-календар на Наполи

Елена Даскалова

Намалување на платите на играчите во Премиер лигата за 20 отсто за да им се помогне на клубовите од пониските дивизии

Влатко Зорба

Шок во Каталонија: Пет фудбалери и двајца членови на стручниот штаб на Барса биле заразени со Ковид-19

Јунајтед го испрати Погба во Дубаи (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Роналдо ја испраќа својата најлоша сезона од 2013 година

Влатко Зорба