Фудбал

Ла Лига продолжува на Канарските острови?

Здружението на хотелиери на Канарските Острови предложи шпанскиот фудбалски шампионат Ла Лига да продолжи и да се игра во овој архипелаг долж западниот брег на Африка.

Архипелагот е далеку од шпанското тло погодено од коронавирусот, а претседателот Хорхе Марисал испрати писмо до претседателите на Фудбалската федерација на Шпанија и Ла Лига, организаторите на првенството.

– Растојанието делумно ги заштити островите од ширење на вирусот, за разлика од она што се случи во другите делови на шпанските територии. Имаме доволно фудбалски игралишта и лиценца за играње од Примера, а имаме и терени за физичка подготовка на играчи – рече Марисал, кој се уште нема добиено одговор од лидерот на шпанскиот фудбал.

Првенството беше прекинато на 13 март, кога беше прогласена вонредна состојба.

Поврзани вести

Сезоната во Формула 1 може да започне на 24 мај и да заврши на 20 декември

Меси без гол, но најзаслужен за триумфот на Барса кај гостувањето кај Бетис

Никола Поповски

Одреден рок за Серија „А“, познат и планот „Б“

Михајлов си поднесе оставка

Maja_Serafimova

Рома сака да го откупи Смолинг, Јунајтед бара 22 милиони евра

Синдикатот на шпански фудбалери против намалување на платите