Фудбал

Лампард пред Лил: Мојот најважен меч на чело на Челзи

Челзи ќе се обиде да ја оствари својата прва домашна победа во Лигата на шампионите оваа сезона и да се квалификува во елиминациската фаза, изјави менаџерот на Лондон, Френк Лампард.

Челзи е на третото место во групата „Х“ со 8 бода, колку што има и Валенсија на второто место и на два зад лидерот Ајакс. Екипата на Лампард ќе се квалификува во полуфиналето ако го совладаат Лил утре или со реми, доколку Ајакс ја победи Валенсија.

– Ова ќе биде мојот најважен натпревар откако го водам Челзи. Свесен сум дека не играме добро на домашен терен, но пласман во следната фаза би билo добро достигнување. Овој натпревар ќе биде тест за сите нас, изјави Лампард..

Челзи нема да може да се потпира на напаѓачот Оливие Жиру и на дефанзивецот Фикајо Томори. Во групата по повредата се враќа дефанзивецот Антонио Рудигер, кој има само 45 минути игра оваа сезона.

Поврзани вести

Играч на Челзи вмешан во срамен скандал (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Лажна е веста дека Дибала има коронавирус

Михајловиќ на тренинг на Болоња: Шефот се врати каде што припаѓа (ФОТО)

Фудбал: Динамо Киев ја елиминира Шкендија од младинската ЛШ

user5

Монако повторно го отпушти Жардим, Морено негов наследник

Јунајтед не даваат повеќе од 50 милиони фунти за Санчо