Фудбал

Лампард за Кавани: Одличен фудбалер, на тимот му треба искуство

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард е склон да привлече искусен фудбалер во овој трансфер прозорец и англиските медиуми ова го толкуваат како интерес за Единсон Кавани. 32-годишниот Уругваец изрази желба да го напушти Пари Сен Жермен по 6 години во клубот и „сините“ се чини дека се најсериозен кандидат за неговиот потпис.

„Тој е одличен фудбалер. Играв против него и секогаш ми се допаѓало неговото однесување на теренот, а постигнатите голови зборуваат сами за неговиот талент. Сепак, јас не сум целосно свесен за ситуацијата во моментот, ќе видиме“, рече тој.

Оваа сезона, Тами Абрахам и Мејсон Монт се водечки фигури во нападот на Челзи, чија забрана за трансфер падна на 1 јануари.

„Имаме млад тим и знаеме дека треба нешто повеќе. Идејата за привлекување искусни играчи е секако добра и јас нема да бегам од тоа. Понекогаш на младите им треба само малку помош“, додаде Лампард.

Поврзани вести

Лампард: Мурињо има напаѓачи, нека не претерува

Никола Поповски

Гризман демантира дека има проблеми во Барселона

Клоп: Момците покажаа на дека навистина сакаат да кренат уште еден трофеј

Влатко Зорба

Модриќ за Меси: Реал успеа да продолжи без Кристијано, така ќе биде и за Барса

Stefanija Kuzmanovska

Дербито на Мерсисајд без победник

Влатко Зорба

Јунајтед повторно без Погба

Влатко Зорба