Фудбал

Лигата на шампионите станува сè поинтересна

Лигата на шампионите се враќа со натпреварите од третото коло во групната фаза, а тие носат голема неизвесност. Реал Мадрид е потпрен на ѕидот, откако однесе освои само еден бод од првите две средби и вечерва гостува кај Галатасарај. Тимот на Зинедин Зидан мора да одговори на критиките по поразот во Мајорка, но домаќините во Истанбул се надеваат дека со помош на нивните гласни навивачи ќе направат изненадување. Во другиот натпревар во групата „А“, Пари Сен Жермен ќе замине во Белгија против Бриж и при победа ќе земе 9 бода, што во голема мерка ќе им загарантира место во осминафиналето.

Во група „Б“ исто така има тим со полна актива – Баерн Минхен. Баварците ќе гостуваат кај Олимпијакос, кој не треба да се потцени и веќе се покажа силен против Тотенхем. „Петлите“ се во сериозна криза од почетокот на сезоната, а денес ќе бидат домаќини на Црвена звезда – натпревар кој не можат да си дозволат да го изгубат.

Во групата „Ц“, Манчестер Сити има две победи и ќе бара трета пред својата публика против Аталанта. „Небесносините“ досега немаат примено гол, а нивниот противник веќе прими шест и ќе треба да дејствуваат до лимитот на својата можност за даги запрат „граѓаните“ и Пеп Гвардиола. Шахтјор (Доњецк) го пречекува Динамо (Загреб) со амбиција на задолжителни три бода да остане во битка за едно од првите две места.

Во групата „Д“ сè се развива како што се очекуваше. Фаворитите Атлетико Мадрид и Јувентус водат со 4 бода, а денес ќе бидат домаќини соодветно на Баер Леверкузен и Локомотив Москва. Доколку победат во своите мечеви, двата тима ќе се оддалечат сериозно и ќе имаат малку проблеми да се најдат во директни елиминации.

Дуелите од денес:

Група „А“:

Бриж – ПСЖ
Галатасарај – Реал Мадрид

Група „Б“:

Тотенхем – Црвена звезда
Олимпијакос – Баерн Минхен

Група „Ц“:

Шахтјор Доњецк – Динамо Загреб
Манчестер Сити – Аталанта

Група „Д“:

Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен
Јувентус – Локомотив Москва

Поврзани вести

Oбјавен извештајот за несреќата на Сала: Пилотот не можел и не смеел да лета ноќе но му бил извршен притисок

Конте: Барса ќе игра без притисок и тоа може да ни предизвика проблеми

Влатко Зорба

Спалети кандидат за клупата на Њукасл

Влатко Зорба

Де Бруин го откри планот: За Јунајтед се спремавме само 15 минути

Никола Поповски

Солскјаер: Погба во аут до декември

Maja_Serafimova

Пабло Мари пред преселба во Арсенал

Влатко Зорба