Фудбал

Ливерпул и Манчестер сити забележаа победи со резултатски пресврт

Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, како и второпласираниот и актуелен шампион Манчестер сити забележаа победи со резултатски пресврт во денешните нивни средби од 11. коло.

Ливерпул беше поуспешен на гостувањето кај Астон вила, а победничкиот погодок го постигна Садио Мане во четвртата минута од судиското надополнување. Претходно, домаќините поведоа преку Трезеге во 21. минута, изедначи Робертсон во 87-та.

И Манчестер сити до бодовите на дуелот со Саутемптон стигна со гол во последните минути.

Резултати на саботните средби од 11. коло во Премиер лигата:
Борнмут – Манчестер јунајтед 1:0
Арсенал – Вулвс 1:1
Астон вила – Ливерпул 1:2
Брајтон – Норвич 2:0
Манчестер сити – Саутемптон 2:1
Шефилд јунајтед – Барнли 3:0
Вест хем – Њукасл 2:3.

Вечерва играат Вотфорд и Челзи.

Води Ливерпул со 31 бод, пред Манчестер сити со 25, Челзи со 20 и натпревар помалку, Лестер 20, Арсенал има 17 бода.

Поврзани вести

Мурињо стана прв тренер кој стигнал до елиминациската фаза во ЛШ со шест различни екипи

Барселона разгледува нови сценарија за наследник на Валверде

Никола Поповски

Јувентус го враќа Алегри?

Никола Поповски

Гвардиола по одуката на КАС: Елитните клубови треба да разберат дека ние заслужуваме да бидеме овде

Stefanija Kuzmanovska

Робен: Сакав повторно да заиграм фудбал

Влатко Зорба

Фудбалери на Атлетико имаат коронавирус, четвртфиналето во ЛШ под знак прашалник

Влатко Зорба