Фудбал

Ливерпул нема да биде избркан од „Карабао купот“

Ливерпул ќе биде казнет со 200.000 фунти за играњето на Педро Чирвеа на натпреварот против МК Донс, иако тој немаше право да учествува заради отсуство на жолт картон (т.н. меѓународен сертификат за трансфер). Дури постоеше опасност, тимот од Мерсисајд да биде избркан административно од турнирот во Лига купот, но заради „олеснителни околности“ тоа не се случи.

Овие околности вклучуваат фактот дека Ливерпул ги побарал потребните документи од Фудбалската асоцијација на Англија, што дури и овозможило на Чиривеја да биде во групата за првите два меча во Премиер лигата.

Половина од финансиската казна изречена на Ливерпул е условна и ќе се активира само доколку клубот повторно ги прекрши правилата во наредните 12 месеци.

Ова значи дека ќе се одржи дербито меѓу Ливерпул и Арсенал во четвртото коло од турнирот, како што одреди ждрепката.

Поврзани вести

Италија за прв пат по 65 години игра во зелени дресови

Влатко Зорба

Сане прифатил петгодишен договор од Баерн

Ибрахимовиќ може да започне тренерска кариера

Драма на небото над Брисел: Приватниот авион на Меси присилно слетал!

Влатко Зорба

Го допирале за задникот и гениталиите сред емисија во живо: Дали Меси бил сексуално малтретиран? (видео)

Нов рекорд на Меси на клупско ниво (фото)

Никола Поповски