Фудбал

Мангала потврди дека е заразен со коронавирус, но немал никакви симптоми

Францускиот централен дефанзивец на Валенсија, Елиаким Мангала, потврди дека е заразен со коронавирус, но напомена дека нема симптоми на болеста.

Вчера беше објавено дека се заразени пет члена на клубот.

„Вчера дознав дека сум заразен со коронавирус. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Во моментов сум сам дома, разделен од семејството“, напиша Мангала на Твитер.

„Дознав дека можеме да го пренесеме вирусот без симптоми, затоа препорачувам сите да ги преземат потребните чекори и да избегнуваат контакт со други луѓе, дури и ако се чувствувате добро. Ако сите ги следат упатствата, можеме да го избегнеме неговото понатамошно ширење. Благодарам сите за зборовите на поддршка. Грижете се за себе и за своите најблиски и следете ги инструкциите“, додаде дефанзивецот.

Поврзани вести

Ги нема Милер и Левандовски, нема проблем – нова победа за Баерн

Влатко Зорба

Турскиот фудбалер објавил снимка од неговиот син неколку часа пред да го убие: „Единствената причина зошто го задушив е затоа што не го сакав, но немам ментални проблеми“ (видео)

Гатузо потврди дека Милик сака да го напушти Наполи

Санчо го напушта Дортмунд во летниот преоден рок

Никола Поповски

Ибрахимовиќ ќе биде подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус

Озил не си од Арсенал

Никола Поповски