Фудбал

Меси повеќе не сака да соработува со претседателот на Барса

Евентуалното заминување на Лионел Меси од Барселона стана една од поважните теми во Шпанија во последните неколку дена.

Којзнае колку пати се појавија шпекулации дека Аргентинецот би можел да ја напушти Каталонија, а сега деталите полека излегуваат на површина.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Меси не сака да остане по секоја цена доколку Пеп Марија Бартомеу продолжи да ја извршува функцијата претседател.

„Меси нема да остане ако Бартомеу не замине во пензија. Аргентинецот сака претседателски избори“, напиша фудбалскиот сајт „Кватро“.

Менаџментот и играчите веќе подолго време не се во добри услови, и сето тоа кулминираше на почетокот на годината кога беше откриено дека челниците на клубот користеле лажни сметки на социјалните мрежи за да ги критикуваат фудбалерите на „блаугранас“.

Поврзани вести

Ковач опција за позицијата во Вест Хем

Влатко Зорба

Бразилски баби претераа во навивањето (ВИДЕО)

Дали Вилијан останува во Челси?

Ангеловски: Против Словенија на терен ќе излезат 11 фудбалери подготвени за голема борба

Влатко Зорба

Солскјер со коментар за сликата на Погба со Зидан: Тој сака да остане во Манчестер

Maja_Serafimova

На Балотели му забранија интервју со порно sвезда