Фудбал

Меси со својот прв коментар по скандалот во Барселона околу социјалните мрежи

Sвездата на Барселона, Лионел Меси, за прв пат зборуваше откако се појавија информации дека клубот ангажирал специјална компанија која ќе го оцрнува неговото име и на голем број на други личности,сврзани со Каталонците. Шпанското радио „СЕР“ прво ги изнесе обвиненијата, со цел да се исчисти имиџот на Пеп Марија Бартомеу на социјалните мрежи, преку разни профили.

На специјалната прес-конференција, Бартомеу призна дека тие ја ангажирале I3 Ventures од „Камп Ноу“, но тој строго негираше дека причината е за одржување на неговиот углед. Покрај тоа, претседателот на тимот од Каталонија оствари специјална средба со фудбалерите, при што Меси рече дека им e кажано истото, што било соопштено на медиумите.

„Навистина ме фати неподготвен, бидејќи не бев таму, патував. Кога се вратив, почнав да дознавам помалку за тоа што се случило. Претседателот ни ги кажа истите работи што ги објави јавно на прес-конференцијата. Каква била ситуацијата, што се случило, едноставно не можам да кажам ништо повеќе. Го кажа истото, на нас капитените, како и на вас“, рече Меси за „Мундо Депортиво“.

Аргентинецот изјави дека е збунет од она што се случува во Барселона, но не сака да навлегува во понатамошни детали, додека не излезат повеќе факти.

„Навистина ми е чудно што се случува вакво нешто, но исто така беше речено дека има различни докази. Ќе мора да почекаме да видиме дали е вистина или не. Не можам дакажам повеќе, сè додека не видиме како ќе се развие ситуацијата. Јас навистина помислив, дека е многу чудна ситуацијата“, вели Меси.

Поврзани вести

Поранешен играч на Реал Мадрид го нарачал нападот врз Дарко Ковачевиќ

Гризман демантира дека има проблеми во Барселона

Со 54 постигнати гола Левандовски е најдобар стрелец во 2019 година

Фернандеш е 12-ти трансфер на Мурињо од португалскиот шампионат

Влатко Зорба

Матип го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година

user5

Клинсман поднесе оставка од тренерската позиција во Херта

Никола Поповски