Фудбал

Милан ќе го откупи Ребиќ од Ајнтрахт

Анте Ребиќ ќе биде откупен од Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Хрватскиот репрезентативец пристигна во Милано на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт со клаузула во која „росонерите“ ќе имаат право на негов откуп за 25 милиони евра.

Ребиќ нешто послабо го одигра првиот дел од сеозна, но последните недели се повеќе се истакнува како еден од најдобрите фудбалери на Милан.

Со игрите им „влезе под кожа“ на Паоло Малдини и на Звонимир Бобан кои веќе почнаа преговори со бундеслигашот за откуп до што наскоро и ќе дојде.

Поврзани вести

Зидан за Мбапе: Во моментов тој е играч на ПСЖ, ќе видиме што ќе се случи во иднина

Сари: Стравувавме да не ни се падне Реал Мадрид

Саутгејт по убедливиот триумф над Црна Гора: Ја освоивме нашата група без многу стрес

Арсенал заборави да победува

Раjола сака од Милан нов договор за Бонавентура

Зидан: Со победа над Бриж да ја вратиме наклонетоста на навивачите

user5