Фудбал

Морати: Интер не може да го задржи Лаутаро

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати се навикнува на идејата дека ѕвездата на тимот Лаутаро Мартинез ќе се пресели во Барселона.

„Нероазурите“ се повлекуваат во преговорите со шпанскиот шампион и се категорични дека напаѓачот чини 111 милиони евра. Ова е точно сумата напишана во неговата клаузула за откуп.

– Не постои начин да се задржи некој што има идеја да биде некаде на друго место. Ова ќе го остави во позиција да биде неподготвен, а неговите мисли ќе бидат на друго место, рече Морати за „Спортмедијасет“.

Поранешниот шеф на Интер ги разбрануваше духовите пред скоро два месеци, кога рече дека може да замисли трансфер во спротивна насока, и не на било кој, туку на суперѕвездата на Барса, Лионел Меси.

Покрај Барса, Лаутаро Мартинез е поврзан и со Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Сепак, се верува дека самиот фудбалер сака да ги засили „блаугранас“ поради неговиот сонародник Меси.

Поврзани вести

Анчелоти: Знам дека сите во Евертон едвај чекаат да победат против Ливерпул

Ристовски и неговото семејство се позитивни на Ковид-19

Никола Поповски

Ливерпул извлече реми на „Олд Трафорд“

Влатко Зорба

Холанд преговара со Борусија Дортмунд

Рајола стана агент на уште еден играч на Манчестер Јунајтед

Влатко Зорба

Најлудото интервју на Халанд: „Дали вечерва ќе спиеш сам?“ (видео)

Никола Поповски