Фудбал

Мурињо: Ако размислам за казната на Сити, се поставува прашањето дали вториот од 2018 година ќе стане шампион

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, увери дека тој и неговите играчи во никој случај не размислуваат за казна за Манчестер Сити, што во овој момент значи дека тимот кој заврши на петтото место сезонава во Премиер лигата, ќе има право да игра во ЛШ.

Португалецот дури се пошегува дека ако почне да размислува за последиците од санкцијата, може да отиде дотаму што ќе помисли на опција која би го направила Манчестер Јунајтед да биде шампион во 2018 година.

Тогаш „црвените ѓаволи“ завршија со 19 поени зад својот ривал Манчестер Сити.

„Моите ставови се дека не сум потрошил ниту една минута анализирајќи што треба да анализираат УЕФА и ФИФА. Ако се впуштам во слична анализа, ќе морам да прашам дали тимот што заврши на второто место во 2018 година ќе стане шампион. Тоа би било интересно, но шегата настрана. Само чекам мирно. Не размислувам за четвртото или петтото место. Само размислувам да се справам најдобро што можеме, да освојам што повеќе поени и да завршам на највисоко што можам на табелата. На крајот на сезоната ќе видиме каде сме, бидејќи ако завршиме шести или седми, не е важно дали петтиот ќе игра во Лигата на шампионите“, изјави Мурињо.

Поврзани вести

Поранешен играч на Барса и уште седум соиграчи одбиле намалување на платите, а клубот им врачил отказ

Бејл е среќен во Реал Мадрид

Рашфорд: Тоа што го направивме минатата година во Париз, треба да го повториме и против Сити

Никола Поповски

Инсиње: Меси е најдобриот во свет, но Марадона е светец за нас неаполитанците

Солскјер: Руни е класа, сите го сакаат

Гвардиола: Одлуката дали ќе си замине е на Артета

Влатко Зорба