Фудбал

Мурињо: Едниот гол на „Тоше Проески“ беше за 5 сантиметри понизок

Фудбалерите на Тотенхем успешно ја надминаа пречката наречена Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа.

Англискиот тим славеше со резултат 3:1, а претходно менаџерот на петлите, Жозе Мурињо забележа и потврди дека пречката на еден од головите е помала.

Имено, пред натпреварот, заедно со голманот Уго Лорис, сфати дека голот на стадионот „Тоше Проески“ е за пет сантиметри понизок.

Веднаш ги извести судиите, побара да се смени конструкцијата на тој гол, но немаше време за тоа.

Наместо тоа, голот беше подигнат до потребната висина.

„Веднаш забележав дека нешто не е во ред. Го поканивме делегатот на УЕФА да ги провери головите, а тој изјави дека едниот е за пет сантиметри понизок. Побаравме да биде заменет “, изјави Мурињо.

Тотенхем следниот четврток во Лондон ќе игра против Макаби Хаифа во плејофот.

Поврзани вести

Фудбалерите на Парма ќе носат дрес кој штити од коронавирус (ФОТО)

Александар Петровски

Пелегрини доби отказ од Вест Хем

Алегри го менува Тухел во ПСЖ?

Повредатата на Ибрахимовиќ не е многу сериозна

Гвардиола: Не би ме изненадило доколку ме отпуштат ако испаднеме од Реал

Никола Поповски

За прв пат во историјата нема да се додели „Златната топка“

Влатко Зорба