Фудбал

Намалување на платите на играчите во Премиер лигата за 20 отсто за да им се помогне на клубовите од пониските дивизии

Намалувањето на платите на играчите за 20% во Премиер лигата во текот на следните три месеци е една од мерките што се дискутираа вчера за време на виртуелната средба меѓу претставниците на Премиер лигата, пониските дивизии и Професионалното здружение. Сè уште не е донесена конечна одлука, но ова е една опција да бидат спасени клубовите од понизок ранг кои немаат ресурси да се справат со кризата, како што можат да направат елитните клубови и водечките такви од Чемпионшип дивизијата.

Ова може да собере над 100 милиони фунти, што ќе биде огромна помош за малите клубови. Во моментов, годишно се исплаќаат над 2 милијарди фунти за плати во Премиер Лигата.

Не беа објавени конкретни решенија по вчерашната средба за решавање на економското влијание на пандемијата КОВИД-19, но објавеното соопштение потенцира дека „тешките одлуки“ за справување со ситуацијата допрва треба да се преземат.

Поврзани вести

Нови случаи на коронавирус во италијанската Серија А

Аргентинецот Паласиос потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен

Навивачки тензии во Солун: Нападнати канцелариите на Нова Демократија

Никола Поповски

Тричковски го постигна 10 гол во кипарското првенство (ВИДЕО)

Бејл во фокусот на Бекам и Интер Мајами

Никола Поповски

Лион со две тужби против ЛФП