Фудбал

Никола Пепе го брани Љунгберг: Критикувајте ги играчите, а не тренерот!

Рекордната аквизиција на Арсенал, Никола Пепе рече дека критиките кон тимот треба да бидат насочени кон самите играчи, а не кон менаџерот Фреди Љунгберг. Во неделата „топџиите“ беа прегазени од Манчестер Сити со 0-3 среде Лондон. Тимот падна на деветтото место во рангот со 22 поени, седум од четвртиот Челзи.

„Ние, играчите, треба да се справиме подобро“, започна Пепе.

„Освоивме само еден од последните 12 натпревари. Не е доволно, ние сме Арсенал. Се зависи од играчите, а не од тренерот или некој друг. Треба брзо да се разбудиме, почнувајќи против Евертон. Фреди работи постојано, но ништо не се смени во резултатите. Сè е до нас, играчите. Фреди е близу до нас бидејќи беше играч до неодамна. Тој знае што чувствуваме, па затоа е полесно да разговараме со него. Ние ќе продолжиме да работиме напорно за да ги исправиме работите и повторно да победуваме. Не сме засегнати од ситуацијата со менаџерот. Имав слична ситуација во Лил. Со напорна работа ќе се подобриме – или со Фреди или со некој друг“.

Љунгберг го презеде водството во Арсенал, откако тимот го отпушти Унаи Емери пред помалку од еден месец.

Според голем број публикации, Микел Артета е најсериозен кандидат за функцијата нов менаџер на „топџиите“.

Поврзани вести

ФИФА: Инфантино ќе остане претседател до крајот на истрагата!

Влатко Зорба

Катаи доби отказ од Л.А. Галакси поради расистичкиот скандал на неговата сопруга

Влатко Зорба

Случај „Сала“: Кардиф разочаран од одлуката на ФИФА да плати шест милиони евра на Нант

user5

Роналдо втор во историјата на Јувентус: Постигнал гол на девет последователни натпревари во Серија А

Никола Поповски

Сејдини: Не очекуваат најмалку 180. минути до историски успех и остварување на сонот на многу генерации

Газдите на Наполи размислуваат за отпуштање на Гатузо