Фудбал

Ноер го напушта Баерн и оди во Јуве?

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер размислува за сензационален трансфер во Јувентус, пишува „Франс фудбал“.

Според авторитетниот медиум, голманот на баварскиот колос е пред целосна промена и за прв пат во неговата кариера сака да замине во странство, а „старата дама“ е во негов фокус.

Најдобриот голман на планетата во 2013-2016 година е бесен од раководството на Баерн, бидејќи новодојдениот Александар Нубел добил писмени гаранции од 15 натпревари за претстојната кампања.

Тој се договори на почетокот на овој месец со тимот од Минхен и ќе пристигне како слободен агент летото. Ноер има договор до 30 јуни 2021 година, а до неодамна се надеваше дека ќе го продолжи за уште две сезони.

Како и да е, новата ситуација на стадионот „Алијанц Арена“ може сериозно да ги промени нештата. Ноер јавно изјави дека не сака да седне на клупата за ниту еден меч, па веројатноста за барање трансфер во текот на летото е доста голема.

Носител во Јувентус во моментов е полскиот Војчех Шчесни, но малку е веројатно дека шефовите на италијанскиот хегемон би одбиле златна можност како оваа, ако самиот Нојер сака да слета во Торино и италијанската Серија „А“.

Мануел играше за Баерн од летото 2011 година и ги освои сите можни трофеи со клубот. Тој неодамна призна дека заминувањето во странство е целосно можно.

Поврзани вести

Холанд исфрлен од клуб во Норвешка! ВИДЕО

Влатко Зорба

УЕФА нема резервен план за ЛШ

Влатко Зорба

Арсенал донесе нов бразилец

Никола Поповски

Роналдињо и неговиот брат во куќен притвор ќе чекаат судење

Влатко Зорба

Кавани донел одлука за својата иднина

Влатко Зорба

Модриќ нема да игра на „Ел Класико“

Влатко Зорба