Фудбал

Нојер е цел број еден за Челси

Англиски Челси го сака во своите редови голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

Нојер има договор со Баерн до 2021 година, но не сака да го продолжи.

Минхенскиот гигант им нуди на фудбалерите над 30 години само едногодишни договори, дури и ако се клупски легенди како Нојер, кој сака повеќегодишен договор.

Баерн би можел да го продаде Мануел во следниот трансфер прозорец за да не остане со празни раце кога ќе истече договорот на 34-годишниот голман.

Баварците веќе го донесоа Александар Нибел од Шалке и најдоа замена за Нојер.

Челси сака да го продаде Кепа Аризбалага, кој не ги исполни очекувањата како најскап голман на сите времиња.

Нојер засега е цел број еден за „сините“ од Лондон, пренесува германски „Билд“.

Поврзани вести

Загриженост кај Баерн: Левандовски во аут месец дена?

Никола Поповски

Судијата побарал помош од видео технологија, добил снимка од паркингот пред стадионот! (ВИДЕО)

Де Хеа: Престанавме да играме откако судијата покажа офсајд

Влатко Зорба

Се враќа Лигата на шампионите: Вечерва не очекуваат два спектакли во Мадрид и Дортмунд

Никола Поповски

Крај на уште една фудбалска кариера: Маркизио се пензионира

user5

Геце на лето заминува во Херта?