Фудбал

Нојер поради љубомора го напушта Баерн? Еве колку бара за да остане

Мануел Нојер е во сериозна расправија со раководството на Баерн, откако преговорите за нов договор не поминаа во насока што играчот и неговиот агент очекуваа да тргне.

Томас Крот, човекот кој го претставува еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, пред три недели беше во клубот да преговара и да се сретне со Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. „Билд“ вели дека Крот ја напуштил средбата по само неколку минути.

Договорот на Нојер истекува во јуни 2021 година, а овој настан укажува дека се ближи неговото заминување од клубот. Сега е дури и чекор поблиску до заминувањето откако ја дознал висината за платата што ја бара од Баварците.

Првично се шпекулираше дека преговорите произлегуваат од инсистирањето на Нојер за долгорочен договор, иако тој има 34 години, но во меѓувреме „Билд“ објави нови услови што голманот ги поставил за челниците на Баерн.

Изданието тврди дека се работи за износ од 20 милиони евра, што е за пет милиони повеќе од неговата годишна плата досега.

„Причината за ваквите барања лежи во шпекулациите за платите на неговите соиграчи. Очигледно Филипе Кутињо и Роберт Левандовски земаат повеќе од 20 милиони евра“, тврди „Билд“, истакнувајќи дека Нојер е љубоморен.

Доколку Нојер не ја прифати понудата на Баерн, клубот ќе го продаде за да заработи пари додека не стане слободен агент, при што наводно Челси покажал голем интерес.

Однесувањето на Нојер претходно беше критикувано од славниот Лотар Матеус.

„Во овие тешки времиња, Нојер не смее да заборави што направил Баерн за него. Тој мора да биде благодарен на клубот затоа што почитта не може да биде еднонасочна“, рече поранешниот најдобар играч на светот, додавајќи дека Баерн неодамна водеше војна со германскиот сојуз околу позицијата на Нојер во репрезентацијата .

„Не се сеќавам дека е покажано толку многу почит кон некој играч на Баерн, а тој упорно инсистира на долгорочен договор“, заклучи легендата на Баерн.

Поврзани вести

Официјално: Милан има нов дефанзивец

Влатко Зорба

Меси во нов конфликт со соиграчите

Влатко Зорба

Во Италија: Милан го отпушти Џампаоло и го назначи Пиоли за нов тренер

Влатко Зорба

Легендарниот турски голман Рушту Речбер се наоѓа во критична состојба откако се заразил со коронавирус

Претседателот на Лион: Мурињо ме одби, веќе си избрал друг тим

Влатко Зорба

Јувентус го симна Интер од врвот во Серија А

Влатко Зорба