Фудбал

Одложени финалињата на Лигата на шампионите и Лига Европа!

Европскaтa фудбалскa централа (УЕФА) одлучи да ги одложи финалните натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа поради пандемијата од коронавирус.

Натпреварот за титулата шампион на стариот континент беше планиран за 30 мај во Истанбул, а за вториот по квалитет европски фудбалски турнир на 27 мај во Гдањск.

Лидерите на оваа организација сè уште не утврдиле нови датуми.

„Работната група, формирана минатата недела на конференциска сесија со која претседава претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ќе ги анализира достапните опции. Групата веќе започна да го разгледува календарот. Одлуките ќе бидат објавени навремено“, соопштија од УЕФА.

Оваа одлука беше повеќе или помалку очекувана, а продолжувањето на националните и европските натпревари ќе зависи од состојбата со коронавирусот.

Пред само неколку дена, УЕФА го одложи Европското првенство за 2021 година.

Поврзани вести

Хари Кејн: Поразот од Чешка е загрижувачки знак

Влатко Зорба

Љунберг: Верувам дека Арсенал може да се најде во топ 4

Влатко Зорба

Александар Влахо си поднесе оставка и не е веќе тренер на ФК Работнички

Maja_Serafimova

Клоп: Исклучително сум горд на своите играчи и се надевам дека тоа е случај и со навивачите

Гвардиола по поразот: Ливерпул е најсилен во Европа

Влатко Зорба

Ливерпул преговара со Вернер за неговите лични услови

Никола Поповски