Фудбал

Одреден рок за Серија „А“, познат и планот „Б“

Крајниот рок за завршување на Серија „А“, Серија „Б“ и Серија „Ц“ е 20 август, одлучи Фудбалската федерација на Италија (ФФИ). Во исто време, беше објавено дека новата сезона ќе започне на 1 септември.

ФФИ соопшти дека доколку некоја од првите три лиги повторно сопре поради коронавирусот, тие ќе треба да смислат пократок, алтернативен начин за завршување, како што е плеј-оф.

Серија „А“ беше прекината на 9 март, а одлуката за тоа дали ќе се продолжи ќе се знае на 28 мај. Остануваат уште 12 кола до крајот на првенството, додека конкуренцијата во Купот стигна до полуфиналето.

Јувентус ја предводи табелата со 63 бода, еден бод повеќе од Лацио, додека Интер е трет со 54 бода.

Поврзани вести

Клоп: Момците покажаа на дека навистина сакаат да кренат уште еден трофеј

Влатко Зорба

Проблеми со продолжението на Калчото

Ибрахимовиќ се двоуми – Милан или Манчестер?

Влатко Зорба

Видал преговара со Манчестер јунајтед

Влатко Зорба

Саутгејт: Ќе ги почитуваме правилата на УЕФА, се останато се хипотези

Влатко Зорба

Валверде: Тоа едноставно е само пораз, нема зошто да размислувам за оставка

Влатко Зорба