Фудбал

Официјално: Бејл се врати дома

Велшкиот фудбалер Герет Бејл официјално е ново-стар фудбалер на Тотенхем, објави лондонскиот клуб. Бејл се враќа кај „петлите“ по седум години, откако претходниот период од својата кариера го помина во Реал Мадрид.

Тотенхем за кратко време донесе двајца фудбалери од „кралскиот клуб“ – кога Серхио Регулион на презентацијата му рече на својот „пријател“ дека е негов ред, беше јасно дека враќањето на Бејл ќе биде официјализирано наскоро.

Помалку од еден час подоцна, на Твитер профилот на Тотенхем беше објавено дека некогаш најскапиот фудбалер на планетата повторно е во клубот.

„На сите навивачи на Тотенхем, по седум години, се вратив!“, рече Бејл.

Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година, а претходно беше член на Саутемптон, пред да ја пробие границата од 100 милиони евра со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако беше еден од клучните играчи во потрагата по четири европски титули, тој „се бореше“ со клубот и одби да игра, па враќањето во тимот на Жозе Мурињо беше најдоброто решение.

Финансиските детали за договорот сè уште не се познати, ниту дали тој бил донесен на позајмица или се приклучил во редовите на „спарс“, бидејќи има договор со Реал до 2022 година.

Поврзани вести

Играчите на Рома не отпатуваа за Севиља (Фото)

Берлускони: Мојата Монца би го победила денешниот Милан со 3-0

Влатко Зорба

Барселона нема да го ангажира Вилијан

Александар Петровски

ПСЖ го продава Нејмар на попуст

Три бода за 82. роденден: Работнички за гол подобар од Ренова

user5

Јубилеј на Кавани: Го постигна својот 200-ти гол за ПСЖ (ВИДЕО)