Фудбал

Официјално: Вилијан премина од Челси во Арсенал

Бразилскиот фудбалер Вилијан ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, потврди лондонскиот премиерлигаш.

Вилијан пристигнува во Арсенал од градскиот ривал Челди, откако му истече договорот со „сините“.

32-годишниот Бразилец потпиша тригодишен договор со „топџиите“.

Вилијан има 339 настапи за Челси од пристигнувањето во клубот во 2013 година од Анжи. Тој постигна 63 голови, со 56 асистенции.

Тој ќе го носи дресот со број 12 во новиот клуб.

Има одиграно 70 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигнато девет гола.

Поврзани вести

Пандев се пофали со специјален подарок од Интер (ФОТО)

Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот на Погба

Напаѓачот на Партизан по дербито: Ти реков, мора да победиме против „циганите“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ПМФЛ продолжува со плеј-оф и плеј-аут без испаѓање

На мечот во Скопје против Косово ќе се применува ВАР технологијата

Ливерпул направи пресврт против Арсенал по 10 гола и пенали

Влатко Зорба