Фудбал

Озил: Го сакам Арсенал, останувам!

Месут Озил изјави дека нема да го напушти Арсенал до 2021 година.

Поранешниот играч на германската репрезентација има 31 година и заработува 350.000 фунти неделно во Арсенал, па затоа не го напушта тимот со причина.

Своевремено платен 43 милиони фунти на Реал Мадрид, сега тој вели дека сака да остане до крајот на договорот и да му даде на Арсенал се што има.

– Работите не беа идеални, тешко беше, но јас го сакам Арсенал. Јас ќе одлучам кога ќе заминам, никој друг. Ќе му дадам на Арсенал сè што имам, ситуации како оваа не можат да ме скршат, тие само ќе ме направат посилен. Покажав претходно дека можам да се вратам од неповолни ситуации и тоа ќе го покажам повторно, рече Озил, цитиран од Би-Би-Си.

Поврзани вести

Прв случај на фудбалер во Премиер лига со КОВИД-19

Англиските клубови им враќаат пари на навивачите за преостанатите натпревари

Stefanija Kuzmanovska

Ливерпул ја поддржува позицијата на Клоп за учеството на младинскиот тим во натпреварот против Шрусбери

Никола Поповски

Балотели ослободен од обвинението за силување на малолетничка

Санчо на лето би можел да се пресели во Манчестер јунајтед

Јунајтед ремизираше во уште еден мачен за гледање натпревар

Влатко Зорба