Фудбал

Париз станува среќно место за Манчестер Јунајтед

Париз станува среќно место за Манчестер Јунајтед. Две години по славниот пресврт против Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, вечерва „црвените ѓаволи“ го совладаа противникот со 2:1 на стартот од учеството во групната фаза од Лигата на шампионите.

Резултатот во корист на гостите го отвори Бруно Фернандеш од пенал во 23-тата минута. Во 55. минута парижаните израмнија по автоголот на Ентони Марсијал.

На самиот крај на мечот, Маркус Рашфорд повторно ги донесе гостите во предност по одличен шут по земја, која ја задржаа до крајот на мечот.

Резултати од 1.коло од ЛШ:

Група „Е“:

Челси – Севиља 0:0
Рен – Краснодар 1:1

Група „Ф“:

Зенит – Бриж 1:2
Лацио – Борусија Дортмунд 3:1

Група „Г“:

Динамо Киев – Јувентус 0:2
Барселона – Ференцварош 5:1

Група „Х“:

ПСЖ – Манчестер Јунајтед 1:2
Р.Б. Лајпциг – Истанбул Башакшехир 2:0

Поврзани вести

Бразилскиот селектор влезе во расправија со Лионел Меси (ВИДЕО)

Двајца кандидати за позицијата на Гвардиола во Сити

Влатко Зорба

Пандемијата со коронавирус: Англиски тим претрпува финансиски загуби 9 милиони фунти неделно

Фудбалерите останаа на 68-та позиција на најновата ФИФА ранг-листа

Навивачите на Манчестер јунајтед сакаат тренерот Солскјер да си замине

user4

Натпревар во Лигата на шампионите причина за смртта на 41 лице