Фудбал

Пике: Да ги заборавиме ривалствата, мора да бидеме како семејство

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике изјави дека сите во Шпанија мора да бидат обединети за да го соборат коронавирусот.

Дефанзивецот на Барса истакна дека ривалствата од теренот сега се ставени настрана.

„Ривалството што го имаме сега не важи. Сега сме сите заедно. Треба да бидеме како семејство. Тешко ќе го победиме вирусот, тешки се моментите, страдаат блиски луѓе, но мора да бидеме обединети. Така сме непобедливи“, вели Пике. .

На прашањето како ги поминува деновите во изолација, 33-годишниот Шпанец одговори: „Децата нè бркаат наоколу. Јас се обидувам да се извлечам од нив. Ние го поминуваме времето поинаку од вообичаеното, не тренирам, но правам вежби и се обидувам да останам во форма. Тоа не е лесно но мораме сите да ја надминеме оваа тешка ситуација“.

Поврзани вести

Официјално: Англискиот вундеркинд од Бирмингем потпиша за Борусија

Влатко Зорба

Ремито во Белгија не го вознемири Анчелоти

Влатко Зорба

Официјално: УЕФА одлучи за Лигата на Европа

Четири фудбалери на Ливерпул пред важни одлуки

Барселона разгледува нови сценарија за наследник на Валверде

Никола Поповски

Канаваро со добри вести од Кина: За мене карантинот заврши!

Влатко Зорба