Фудбал

Пирло: Подготвен сум да го водам Јувентус

Андреа Пирло, новиот тренер на Јувентус, се огласи за прв пат откако беше објавено дека ќе го наследи Маурисио Сари на клупата на италијанскиот шампион.

Јувентус експресно го назначи Пирло за нов тренер на „Старата дама“ во саботата по отказот на Сари, иако многумина не се убедени, верувајќи дека Пирло нема доволно искуство за извршување на таа задача.

Тој минатата недела потпиша за да го предводи тимот на Јувентус У23, кој се натпреварува во Ц1 серија, но очигледно е дека сега ќе треба таа позиција да се препушти на некој друг.

Пирло конечно се огласи на Инстаграм со едноставна порака: „Среќен сум и горд што ја добив довербата на раководството на Јувентус. Подготвен сум за оваа фантастична можност!“, напиша поранешниот играч на Јувентус и Милан.

Тој потпиша двегодишен договор, а во дресот на „црно-белите“ како играч одигра вкупно 164 натпревари и постигна 19 голови.

Поврзани вести

Таткото на Ванда Нара за нејзината врска со Икарди: Парите се предуслов за љубовта

Влатко Зорба

Клоп: Салцбург играше паметно, но ние создадовме одлични шанси

Порака преку социјалните мрежи: Братот на Инсиње го нападна Анчелоти

user5

Милевски по трите освоени бода против Црна Гора: Добро е што победуваме и со недостатоци во играта

user5

Џан може да ја продолжи кариерата во Франција

Влатко Зорба

Вечерва ќе се оддржи ждрепката за ЕП 2020

Влатко Зорба