Фудбал

По Премиер лигата, продолжува и Чемпионшип

По Премиер лигата, продолжува и Чемпионшип. Второто по ранг фудбалско натпреварување во Англија ќе започне на 20 јуни. Како што истакна претседателот на англиските фудбалски лиги, Рик Пери, „ова се само прелиминарни датуми по кои треба да се водиме“.

Остануваат уште девет кола до крајот на сезоната, а финалето во плејофот е предвидено да се игра на 30 јули на „Вембли“. Ако сè е поволно како и здравствената состојба, натпреварите ќе се играат според по распоредот среда – недела. Ќе се игра пред празни трибини.

Пред паузата на сезоната поради пандемијата од коронавирусот, лидер беше Лидс со 71 поен, еден повеќе од ВБА, додека Фулам е третопласираната екипа со 64 бода.

Поврзани вести

Солскјер објасни зошто Бруно Фернандеш е толку вреден

Пандев добива нов тренер

Maja_Serafimova

Играч на Манчестер Сити итно префрлен во изолација: Братучед му колабрирал во семејниот дом

Канте одбива да тренира за Челси, Лампард го поддржа

Нојер: Проблем е што на секој натпревар треба да постигнеме дури три гола за да победиме

Maja_Serafimova

Ибрахимовиќ: Би се вратил во Италија за да се борам за скудето, Јуве тешко до титула во ЛШ

Влатко Зорба