Фудбал

Почина 14 – годишен фудбалер на Атлетико Мадрид

Почина нашиот 14 – годишен фудбалер, Кристијан Минчола, објави Атлетико Мадрид.

„Шокирани сме од оваа тажна вест за смртта на нашиот млад фудбалер и длабоко жалиме за неговата загуба. Атлетико Мадрид и и целото наше семејство ќе биде со семејството на Кристијан во овие моменти на неизмерна болка“, рече претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо.

Мигел Анхел Гил, спортски директор на Атлетико Мадрид, најави дека знамињата на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе бидат спуштени на половина копје во чест на починатото момче.

Од клубот не ги наведоа причините за смртта на 14 – годишниот Кристијан.

Поврзани вести

Гол сушата на Меси трае 134 дена

Влатко Зорба

Монако на дното, постави нов анти-рекорд

Влатко Зорба

Борусија негираше дека преговараат со Мурињо

Влатко Зорба

За финалето на ЕП 2020 на „Вембли“ има 714.000 барања за влезници

Роналдињо има ново хоби: Учи за столар во затворот во Парагвај

Играчите на Рома не отпатуваа за Севиља (Фото)