СПОРТ Фудбал

Погба ќе потпише нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе го продолжи договорот со клубот, објави „The Sun“.

Според британскиот медиум, 27-годишниот Французин ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ со важност од пет години.

Се наведува дека надминати се недоразбирањата и играчот повеќе не сака да го напушти клубот.

Во сезоната 2019/20, Погба одигра 15 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна еден гол и забележа четири асистенции. Францускиот фудбалер го пропушти најголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот.

Поврзани вести

Манчестер Сити будно ја следи состојбата со Меси во Барселона

И покрај интересот на Реал Мадрид за Мбапе, ПСЖ ќе се обиде да го задржи напаѓачот

Maja_Serafimova

Игало надвор од групата на Јунајтед заради коронавирусот

Договор во Премиер лигата: Да се одиграат сите 92 натпревари до крајот на шампионатот

Влатко Зорба

Буфон останува во Јувентус уште една година

Влатко Зорба

Валверде: Да се ​​примат два гола за две минути е многу болно

Влатко Зорба