Фудбал

Поради повреда во репрезентативниот настап со Шведска: Де Хеа може да паузира два месеца

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, сигурно ќе го пропушти неделното дерби со Ливерпул, поради повредата што ја здоби за време на натпреварот меѓу Шведска и Шпанија. во квалификациите за ЕП 2020.

Според „Сан“, големи се првичните стравувања во таборот на „црвените ѓаволи“ дека повредата би можела да значи два месеца пауза за Шпанецот. Ситуацијата, сепак, ќе биде многу појасна по дополнителните прегледи, а во негово отсуство, менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе треба да се потпира на Серхио Ромеро.

За скоро осум и пол години во Јунајтед, Де Хеа пропушти само шест натпревари како резултат на повреда или болест. Добра вест за Солскјер е дека Ентони Марсијал, Пол Погба, Арон Ван-Бисака, Лук Шоу и Џеси Лингард веројатно ќе бидат на располагање на Норвежанецот за неделното дерби.

Поврзани вести

Фудбалска репрезентација ставена во карантин поради коронавирусот

Никола Поповски

Ибрахимовиќ ќе игра за Хамарби! (ВИДЕО)

Левандовски: Полска има големи амбиции на Европското првенство

Влатко Зорба

Страшна повреда на голманот Арсенал! (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Рамос: Трите бода се многу важни на патот до титулата, но има уште борба до крајот

Мбапе е најскап играч во светот

Влатко Зорба