Фудбал

Познати имињата на сите номинирани играчи на „Златна топка“

Францускиот магазин „Франс Фудбал“ ги објави сите 30 кандидати за „Златната топка“ во 2019 година.

Европскиот шампион Ливерпул има дури 7 фудбалери меѓу нив, а ова е тимот со најмногу играчи и сосема логично.

Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Роберто Фирмино, Трент-Александар Арнолд, Џорџино Вајналдум, Мохамед Салах и Алисон Бекер сите имаат шанса да ја освојат најпрестижната индивидуална награда.

Меѓу номинираните, очекувано, се и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Победниците ќе бидат избрани по специјалното гласање на жирито од 180 новинари од целиот свет. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 2 декември во Париз.

Еве ги сите номинирани за наградата:

Вирџил ван Дајк (Ливерпул / Холандија)
Бернардо Силва (Ман Сити / Португалија)
Хјун Мин-сон (Тотенхем / Јужна Кореја)
Роберт Левандовски (Баерн Минхен / Полска)
Роберто Фирмино (Ливерпул / Бразил)
Алисон (Ливерпул / Бразил)
Матијас де Лихт (Јувентус / Холандија)
Карим Бензема (Реал Мадрид / Франција)
Џорџино Вајнлдум (Ливерпул / Холандија)
Серхио Агуеро (Манчестер Сити / Аргентина)
Френки де Јонг (Барселона / Холандија)
Уго Лорис (Тотенхем / Франција)
Душан Тадиќ (Ајакс / Србија)
Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија)
Килијан Мбапе (ПСЖ / Франција)
Трент-Александар Арнолд (Ливерпул / Англија)
Дони ван де Бик (Ајакс / Холандија)
Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал / Габон)
Марк-Андре тер Штеген (Барселона / Германија)
Садио Мане (Ливерпул / Сенегал)
Лионел Меси (Барселона / Аргентина)
Ријад Марез (Манчестер Сити / Алжир)
Кевин де Бруин (Манчестер Сити / Белгија)
Калиду Кулибали (Наполи / Сенегал)
Антоан Гризман (Барселона, Атлетико Мадрид / Франција)
Рахим Стерлинг (Манчестер Сити / Англија)
Маркињос (ПСЖ / Бразил)
Еден Азар (Реал Мадрид / Белгија)
Жоао Феликс (Бенфика, Атлетико Мадрид / Португалија)
Мохамед Салах (Ливерпул / Англија)

Поврзани вести

Барселона разгледува нови сценарија за наследник на Валверде

Никола Поповски

Историскиот меч Македонија – Косово ќе се игра без публика

Рајола го нуди Ибрахимовиќ на Интер

Влатко Зорба

Македонија на чекор од историски пласман на ЕП!

Фудбалер на Монако доби ригорозна казна поради туркање на судија

Раниери предложи пет замени по натпревар