Фудбал

Познати полуфиналните двојки на шпанскиот Суперкуп

Шпанскиот фудбалски Суперкуп во своите три наредни изданија ќе се игра турнирски со 4 клуба и тоа надвор од европскиот континент, а денеска беше направена ждрепка за мечевите во јануари во градот Џеда, во Саудиска Арабија.

Ждрепата сакаше во полуфиналето да играат Барселона – Атлетико Мадрид и Валенсија – Реал Мадрид. „Лилјаците“ и „кралевите“ ќе се сретнат на 8 јануари, еден ден подоцна е каталонско-мадридскиот дуел, а финалето е закажано за 12 јануари.

Еден од условите кои ги бараше шпанската федерација кога се договараше со Саудијците, беше да се дозволи влез на жените на стадионот кој собира 62.000 гледачи. Победникот ќе освои 2 милиони евра, а самото учество носи 800.000 евра.

Поврзани вести

Гвардиола носи стопер кој испадна од Премиер лигата за 45 милиони евра

Влатко Зорба

Земјотрес во најава: Тандем Меси-Роналдо во Јувентус?

Никола Поповски

Тотенхем и Мурињо доаѓаат во Скопје

Никола Поповски

Солидарност во Италија: Екипите во Серија „А“ се согласија за намалување на платите

Влатко Зорба

Згаснува четирикратен шампион на Германија

Влатко Зорба

Клинсман сака Херта да стане шампион за 5 години

Влатко Зорба