Фудбал

Премиер лига: Црвен картон за кашлање кон противникот ?!

Фудбалерите кои играат во англиската Премиер лига би можеле да се соочат со ново правило.

И тоа се однесува на… кашлање.

Наводно, Фудбалската асоцијација планира да воведе збир на правила за следната сезона, сето тоа во позадина на кризата со коронавирус.

Засега е познато дека тимовите сепак ќе имаат право на пет измени, но предлог за ново правило ќе биде особено интересен.

Фудбалската асоцијација ќе ја стави на гласање идејата дека судијата добива право да покаже директен црвен картон на фудбалер, кој се обидува да го иритира противникот со кашлање.

Според ова правило, судијата би можел да реагира доколку процени дека некој намерно сакал да загрози друг, и дека станува збор за провокација поврзана со коронавирусот.

Услов за ваква казна ќе биде претпоставката дека ваквиот потег е неспортски и значи непочитување на противникот, но и на самата лига.

Поврзани вести

Борусија рутински на гостувањето кај Волфсбург

Шмајхел: Погба е како проблематично дете во Јунајтед

Влатко Зорба

Рашфорд: Тоа што го направивме минатата година во Париз, треба да го повториме и против Сити

Никола Поповски

МЛС клуб се посрамоти: Го претстави Стам како нов тренер, а стави фотографија на друг

По 30 години чекање: Ливерпул е шампион на Англија!

Влатко Зорба

Фонсека по 0:0 со Интер: На моменти целосно го контролиравме натпреварот

Влатко Зорба