Фудбал

Претседателот на асоцијацијата на фудбалерите во Италија: Невозможно е да се игра во април

Претседателот на здружението на играчи во Италија, Дамиано Томази посочи дека натпреварите во Серија „А“ можат да бидат продолжени во мај или јуни. Во моментов, првенството во Италија е прекинато поради пандемијата од коронавирусот.

„Невозможно е да се игра во април. Ако се оди добро, можеме да ги продолжиме средбите во мај или јуни. Кога зборуваме за фудбал, луѓето мислат дека ние само ја гарантираме безбедноста на играчите, но има цел свет зад тимот“, рече тој за „Фудбал Италија“.

„Првите беа заразени од Пијанезе, а еден фудбалер сè уште е на интензивна нега. Јувентус има 100 лица во карантин. Ова се луѓе кои патуваат низ Италија и Европа, наидуваат на многу луѓе за работа. Проблемот не е само во Италија, но и во Европа, па УЕФА мора да дејствува како организација“, додаде Томази.

Поврзани вести

Солскјер ќе купува двајца нови во зима

Влатко Зорба

Заминува ли од Арсенал? Озил ја продава својата куќа во Лондон

Влатко Зорба

Јунајтед ја зголеми својата понуда за Фернандеш

Ангеловски го објави списокот за плејофот со Косово и двете пресметки од Лига на нации

Влатко Зорба

Јунајтед го договори Кулибали

Роналдо: Ми беше кажано дека никогаш повеќе нема да одам, ќе излеземе од ова посилни

Влатко Зорба