Фудбал

Претседателот на Лион: Мурињо ме одби, веќе си избрал друг тим

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, потврди вчера за „РМЦ Спорт“ дека бил одбиен од Жозе Мурињо да го предводи тимот. Тој ја откри и причината за ова – Специјалниот веќе избрал друг клуб.

„Разменивме неколку СМС-пораки. Тој ја одби нашата понуда за средба затоа што веќе избрал друг клуб“, откри Ола во телефонска прес-конференција.

Медиумите во Англија јавуваат дека Мурињо е близу до преземање на Тотенхем, откако има огромно искуство во Премиер лигата со екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед.

Лоран Блан се сметаше за фаворит за испразнетата тренерска позиција на Силвињо.

Поврзани вести

УЕФА ги откажа сите натпревари од евротурнирите

Рекордни 1.005 додавања на Барселона против Гранада

Роналдо пред кам-бек во Манчестер?

Венгер: Изградивме нов стадион, но душата ја оставивме на Хајбери

Никола Поповски

Емери: Напредуваме, но сакам повеќе

Влатко Зорба

Кин: Марсијал не е доволно добар за Јунајтед

Влатко Зорба