Фудбал

Пропадна спектакуларниот трансфер на Роналдо во ПСЖ

Асот на Јувентус, Кристијано Роналдо решил да го напушти Торино за ПСЖ, но сè пропаднало поради пандемијата на коронавирус. Португалецот имал понуда од францускиот шампион што ќе го направи најплатениот фудбалер на светот. Очигледно, сè било договорено усно … Но, дури и богатите парижани по корона-кризата не можеа да ги исполнат своите ветувања, па Роналдо се предомисли и реши да остане во Торино.

Роналдо беше заинтригиран од идејата да игра во напад со Нејмар и Килијан Мбапе, откако неговиот Јувентус игра слаб фудбал, и покрај тоа што го освои деветтото Скудето вониза.

– Роналдо се чувствува како затвореник во Јувентус и не е среќен. Тој верува дека клубот не живее според своите амбиции и не е задоволен од тренерот Маурицио Сари, и заради сето тоа има желба да замине во Франција, пишува „Франс Фудбал“.

Французите исто така изјавуваат дека Роналдо има одлична врска со Нејмар и дека го обожава Мбапе, и дека сакал со нив да го формира најсмртоносното напаѓачко трио на светот.

Сепак, сега е сигурно дека 35-годишниот напаѓач ќе остане во Јувентус барем уште една сезона …

Поврзани вести

Фламенго во финалето на Светското клупско првенство

Лига на нациите: Резултати и стрелци од 1.коло

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирусот не дозволува почеток на Бундеслигата со навивачи

Stefanija Kuzmanovska

УЕФА ги откажа сите натпревари од евротурнирите

Лидс се врати во Премиер лигата по 16 години!

Влатко Зорба

УЕФА го жртвува ЕП 2020 за ЛШ и Лига Европа?

Влатко Зорба