Фудбал

Рајола го нуди Ибрахимовиќ на Интер

Познатиот фудбалски агент Мино Рајола го понуди својот клиент Златан Ибрахимовиќ на италијанскиот гигант Интер, пренесува „Ил Џиронале“.
На Ибрахимовиќ (38) ќе му истече договорот на крајот на календарската година со Лос Анџелес Галакси, а очигледно веќе е подготвен да го напушти Шампионатот на САД.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед има 30 голови на 29 натпревари оваа сезона.

Шведскиот напаѓач добро ја познава ситуацијата во Милано. Тој играше за Интер помеѓу 2006 и 2009 година, освојувајќи три титули со „нероазурите“. Во текот на сезоната 2010/11 играше и за Милан.

Според медиумите во Италија, Интер сè уште не одлучил дали да го врати Ибрахимовиќ назад во составот.

Поврзани вести

Зидан: Не е нормално Модриќ да има само една титула во Ла Лига

Никола Поповски

Модриќ останува во Реал Мадрид до крајот на договорот

Талентираниот Тонали и официјално нов фудбалер на Милан

Влатко Зорба

Вернер и официјално во Челси (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Лестер се запиша во историјата на Премиер лигата по победата од 0:9!

Влатко Зорба

Играч на ПСЖ: Ди Марија го мрази Манчестер Јунајтед

Влатко Зорба