Фудбал

Рамос го помина Касиљас и стана рекордер по бројот на настапи за Шпанија

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос се најде во почетниот состав на вечерашниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020 против Норвешка во Осло. За дефанзивецот на Реал Мадрид, овој натпревар беше 168. Во репрезентативниот дрес што претставува нов рекорд во ова астатистичка категорија.

Досегашен рекордер беше голманот Икер Касиљас.

Рамос е прв од сите активни европски фудбалери, и трет во светот по Бадер Ал-Мутав (Кувајт) и Ахмед Мубарак (Оман) – и двајцата имаат по 173 натпревари.

Во историјата на фудбалот, Рамос изби на 8. место, кое го дели со репрезентативецот на Еквадор, Иван Хуртадо. Рекордот му припаѓа на Египќанецот Ахмед Хасан со 184 настапи.

Поврзани вести

Роналдињо се враќа во Бразил, ја призна вината на Парагвајците

Влатко Зорба

Легенда на Ливерпул: Добро е што го нема Алекс Фергусон

Влатко Зорба

Интер му нуди 65 милиони евра по сезона на Меси

Венгер предложи промена на правилото за офсајд дефиниција

Никола Поповски

Скандалозни објави на сопругата на српски фудбалер за ситуацијата во САД: „Тепајте ги уште посилно, одвратната стока ги пали црквите“ (фото)

Никола Поповски

Ѕвездите на Барса вредат 7,3 милијарди евра, според клаузулите за откуп