Фудбал

Раниери: Италија е потопена во крв како да сме во војна, а тие сакаат да играме фудбал

Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери изјави денеска дека пред да продолжат натпреварите во Серија А, играчите мора да бидат целосно здрави и подготвени за напорите што ги очекуваат по долгата пауза, како и од коронавирусот, од кои некои беа заразени.

Поранешниот тренер на Рома, Јувентус, Лестер, Челзи, Интер, Милан, Наполи и Атлетико Мадрид изјави дека не се согласува со предлогот клубовите во северна Италија, најпогодениот регион од вирусот, да играат како домаќини во некои други градови.

– Италија е потопена во крв како да сме во војна. Големите градски болници се на колена. Кога повторно ќе бидат безбедни јавните места и хотелите? Се зборуваше за играње натпревари на неутрален терен, со исклучок на некои региони. Не се согласувам, или сите ќе продолжиме или никој нема да игра. Играњето без публика не е фудбал, тоа е смрт. Но, ако тоа е единствениот начин повторно да играме фудбал, ние ќе прифатиме, рече познатиот италијански тренер.

Поврзани вести

Четворица фудбалери на Барса не се согласувале со намалувањето на платите

Одреден рок за Серија „А“, познат и планот „Б“

Нема менување на локација за „Ел Класико“: Барса и Реал, сепак, ќе играат на „Камп Ноу“

user5

За Пандев дуелите на „Сан Паоло“ секогаш се посебни

Влатко Зорба

Љунгберг нема Про лиценца, може да го предводи Арсенал максимум 12 недели

Ниту селекторот на Германија не може да оди на натпревари во Бундеслигата