Фудбал

РБ Лајпциг го совлада Атлетико, ПСЖ пречка до финалето на Лигата на шампионите

Екипата на РБ Лајпциг е изненадувачки полуфиналист во Лигата на шампионите, откако ги совлада Атлетико Мадрид во второто четвртфинале од Лигата на шампионите, што се играше на стадионот „Хозе Алвалад“ во Лисабон.

Германскиот тим победи со 2:1 против својот далеку поискусен противник на турнирот и ќе спори за место во финалето со Пари Сен Жермен.

Првиот гол за екипата од Лајпциг го постигна Дани Олмо со глава во 51. минута. Во 71. минута, Жоао Феликс изедначи од пенал и им даде надеж на „јорганџиите“ за пресврт.

Се заврши за тимот на Диего Симеоне на две минути пред крајот на редовното време, кога германскиот тим поведе преку Тајлер Адамс и со тоа го постави конечниот резултат.

Поврзани вести

Сари: Стравувавме да не ни се падне Реал Мадрид

Северна Македонија поразена од Полска во квалификациите

Влатко Зорба

Роналдо заработил двојно повеќе од Меси од реклами на Инстаграм

Влатко Зорба

Ливерпул лесно се справи со Борнмут (ВИДЕО)

Руни: Имав сериозни проблеми со коцкањето

Влатко Зорба

Познато како ќе функционира „новата“ Бундеслига: Дезинфицирање на топката, маски на клупата, гол ќе се слави со лакти