Фудбал

Реал се надева на 11 од 11 до крајот на Ла Лига

Шпанскиот фудбал продолжува после неколку дена, а битката за титулата во Ла Лига е далеку од завршена. Барселона е лидер во пласманот со предност од 2 поени пред второпласираниот Реал Мадрид.

Затоа „кралскиот клуб“ се надева дека ќе запише само победи на преостанатите 11 меча до крајот.

– Еибар е почетната точка од 11-те финалиња што преостана да ги играме. Се надеваме дека ќе бележиме победи на сите натпревари до крајот и ќе ја освоиме титулата. Сакаме да тренираме заедно со сите соиграчи заедно, да уживаме во фудбалот. Ние тренираме да влеземе во ритам за почетокот на сезоната. Фудбалот е составен од неколку фактори – физички, кој е многу важен, и психички. Комбинацијата меѓу двата значи дека можеме да влеземе во натпреварите во добра форма, сподели Лукас Васкез пред клупската телевизија.

Поврзани вести

Манчестер јунајтед се развива, убеден е Солскјер

Влатко Зорба

Официјално: Милан го отпушти Џампаоло

Влатко Зорба

Јувентус го симна Интер од врвот во Серија А

Влатко Зорба

Де Лаурентис на состанок со бунтовниците во Наполи

Влатко Зорба

Мурињо стана земјоделец (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ждрепката за четвртфиналето на ЛШ ќе биде на 10 јули

Влатко Зорба