Фудбал

Родригез на „Олд Трафорд“? Англичаните пишуваат дека е можно за половина од сумата што ја барал Реал

Хамес Родригез се споменува уште од минатата година како играч кој би можел да игра на „Олд Трафорд“, особено затоа што Колумбиецот не успеа да допре до Зинедин Зидан и неговите планови за тимот оваа сезона.

Зидан сега е подготвен да го продаде, што делумно го покажа со фактот дека го стави меѓу стартните 11 само пет пати во Примера.

Неговиот договор истекува следното лето, и иако Карло Анчелоти би сакал да го види во Евертон, „Дејли експрес“ тврди дека Јунајтед е посериозен кандидат.

„Црвените ѓаволи“ можат да издвојат до 25 милиони евра, половина од она што го побара Реал Мадрид оваа зима, иако досега никој не бил подготвен да понуди повеќе од 30 милиони евра.

Да потсетиме, Родригез го привлече вниманието кон себе со фантастичните игри на Светскиот куп во 2014 година, а потоа, по сезоната во Монако, се пресели во Кралскиот клуб за 75 милиони евра.

Поврзани вести

Почина 14 – годишен фудбалер на Атлетико Мадрид

Влатко Зорба

Јунајтед бара купувач на Алексис

Влатко Зорба

Зидан го изедначи Бензема со Роналдо во клупската историја на Реал

Го издаде срцето: Почина Ајзак Промис, капитен на фудбалската репрезентација на Нигерија од ОИ во Пекинг

user5

Реконструирана тревата на Националната Арена „Тодор Проески“

Судијата свирна крај, па втор пенал, во луд натпревар со три ВАР ситуации

Влатко Зорба