Фудбал

Роџерс по поразот од Ливерпул: Горд сум на мојот тим

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, се очекуваше да биде разочаран по поразот од 1-2 против Ливерпул.

„Лисиците“ беа на секунди од тоа да освојат поен на „Енфилд“, но Марк Олбрајтон згреши и направи пенал, по што Џејмс Милнер донесе успех за „црвените“.

„За мене, ситуацијата на крајот не е категорична“, рече Роџерс за пеналот.
„Ние сме многу разочарани и мислам дека Сади Мане го предизвика поголемиот дел од контактот“, вели тој.

„Секако, ние сме разочарани. Се сретнавме со многу квалитетен тим кој е европски шампион и можевме да видиме зошто. Сепак, јас сум горд на мојот тим, кој покажа одличен карактер. Бевме во можност да се вратиме во натпреварот и да изедначивме, така што поразот на крајот е навистина тежок. Сепак, има многу позитивни нешта што можеме да ги извлечеме и ќе научиме од овој натпревар“, изјави Роџерс.

„Има работи што можеме да ги подобриме бидејќи во второто полувреме премногу лесно ја изгубивме топката. Сепак, ваквите натпревари несомнено ќе бидат многу корисни за нас“, рече специјалистот.

Поврзани вести

Челзи со три бода од Амстердам, спектакуларен волеј на Сабицер за триумф на Лајпциг

user5

Смртни закани против фудбалери во Германија

Влатко Зорба

Европскиот шампион Ливерпул елиминиран од Лигата на шампионите

Влатко Зорба

Ширер: Ако не ја завршите сезоната, не може да подарувате титули

Влатко Зорба

Сити го прераспредели Вокер кај голманите

Влатко Зорба

Мурињо воодушевен конфликтот меѓу Лорис и Сон: Прекерасно! (ВИДЕО)

Влатко Зорба