Фудбал

Рохо со интересни детали од времето во Јунајтед: Со Ибрахимовиќ се фативме за врат

Маркос Рохо моментно настапува како позајмен фудбалер во Естудијантес во Аргентина. Во разговор за „Сиело Спортс“ тој, меѓу другото, зборуваше за периодот минат во Манчестер јунајтед при што откри интересна ситуација од соблекувалната во 2016 година што ја имал со Златан Ибрахимовиќ.

– Игравме против Ростов во Лига Европа и бараше сите топки да ги додаваме до него. Во една ситуација не го сторив тоа, туку додадов до Погба по што почна да мавта со раце и да вика на мене. Многу работи ми изнакажа. Го зграпчив и му реков: „Што не е во ред со тебе, затвори уста“, на што мораше да реагира и Мурињо кој нè раздвојуваше, вели Рохо.

Рохо со тоа се претстави како еден од ретките кои се спротивставиле на Ибрахимовиќ со кого, додаде, дека е во добри односи. Го опиша Швеѓанецот како темпераментен човек кој во еден момент мора да стави граница во однесување.

Поврзани вести

Лукаку двоен стрелец во победата на Интер над Удинезе (ВИДЕО)

Турција пред казна: УЕФА ја разгледува опцијата финалето на ЛШ да не се игра во Истанбул

Maja_Serafimova

Ибрахимовиќ за расизмот во Италија: Треба тимовите да се исфрлаат во Серија Б

Влатко Зорба

Претседателот на асоцијацијата на фудбалерите во Италија: Невозможно е да се игра во април

Влатко Зорба

Јунајтед во битка за потписот на Ериксен

Санчез ќе се врати во Јунајтед

Никола Поповски