Фудбал

Роналдињо и неговиот брат во куќен притвор ќе чекаат судење

Апелациониот суд ја отфрли жалбата и барањето за ослободување на Роналдињо и неговиот брат.

Роналдињо помина 32 дена во затвор затоа што во март влезе во Парагвај со лажен пасош, а кога се откри измамата, тој се оправда велејќи дека ги примил документите како подарок.

Од неговото ослободување од затвор во април, поранешниот ас на Барселона, Милан и неколку други клубови и неговиот брат Роберто де Асис се наоѓаат во Асунсион, во хотел со четири везди, чекајќи судење.

За да излезат од затвор воопшто, тие мораа да платат скоро милион и пол евра, а се шпекулираше дека Барселона дури и ја издвоила оваа сума.

На Роналдињо му се заканува затвор до шест месеци, а се пожали и за престојот во хотелот, но ќе мора да остане таму некое време.

Во текот на оваа недела, тој зборуваше за тоа како поминал 60 долги денови во домашен притвор, и го спореди со изолација дома поради пандемија од коронавирус.

– Луѓето во нивните домови треба да замислат како е кога не можете да го направите она што сте навикнати. Мислам дека тоа е нешто што ќе остане кај сите нас што поминуваме низ ова комплицирано искуство. Се надевам дека ова ќе заврши наскоро и дека сите ќе можеме да одиме дома и да живееме како порано – изјави Роналдињо за „Мундо Депортиво“.

Во таа прилика тој му се заблагодари на својот поранешен клуб Барселона и на навивачите за сите пораки за поддршка и љубов што му ги испратиле во претходниот период.

Поврзани вести

Мојс близу до враќање во Вест Хем

Влатко Зорба

Јувентус го отпушти Сари

Влатко Зорба

Одреден рок за Серија „А“, познат и планот „Б“

Ериксен одби да потпише нов договор со Тотенхем

Монако продава 30 фудбалери

Чави имал 8 услови, за да ја преземе Барса

Влатко Зорба