Фудбал

Роналдо купил Bugatti за 8 милиони евра? (ФОТО)

Кристијано Роналдо по сè изгледа се одлучил за Bugatti.

По неколкумесечна расправа дали Роналдо е мистериозниот купувач на најскапиот сериски автомобил во светот, „Bugatti La Voiture Noire“ од 16 милиони евра, сега доаѓа информацијата дека славниот фудбалер се определил за поевтина опција, но истиот производител.

Наводно станува збор за модел Centodieci, чие производство е ограничено на само 10 примероци, секој со почетна цена од околу 8 милиони евра. Тоа е модел со кој Bugatti му оддава почит на легендарниот EB110.

CentodieciCentodieciCentodieci

Ако веста дека „штедливиот“ Роналдо го купил двојно поевтиниот Bugatti е вистината, знајте дека ова е брутален ѕвер со познатиот мотор W16 со плус 100 КС, односно 1.600 КС. Со употреба на карбон, тежината на автомобилот се намали за 20 кг во однос на Chiron, а аеродинамиката е малку рафинирана. Дополнителната моќност значи дека 100 км на час ќе бидат достижни за 2,4 секунди, а 200 км на час ќе бидат за 6,1 секунда, а 300 км на час ќе се постигнат седум секунди подоцна. И така до ограничените 380 км на час.

Ако Роналдо е навистина купувач, тогаш прашање е кој е другиот. Поточно, Bugatti реши да ги произведе десетте планирани примероци за цели пет години, односно два примерока годишно. Потсетуваме дека Роналдо во својата гаража има голем број егзотични автомобили, а од витрината на Bugatti досега ги избра Chiron и Veyron Grand Sport Vitesse. Ќе може да го троши времето со нив до следната година, кога треба да започнат првите испораки на Centodieci.

Поврзани вести

На мечот во Скопје против Косово ќе се применува ВАР технологијата

Лев: Одложувањето на ЕП 2020 е оправдано решение

Влатко Зорба

Гвардиола предложи револуционерно решение за густиот распоред во Англија

Влатко Зорба

Баскиските екипи се раминаа во ждрепката за Кралскиот куп

Лампард: Мораме да победуваме на домашните натпревари ако сакаме пласман во топ 4

Никола Поповски

Виља реши да ја заврши фудбалската кариера