Фудбал

Роналдо се откажа од 4 милиони евра за да спречи работници да бидат отпуштени

Бидејќи во моментот немаат приходи од ТВ права и билети, фудбалските клубови се борат да ја задржат својата финансиска стабилност.

Во Јувентус, кој е од северна Италија, инаку најтешко погодениот регион во светот од коронавирусот, тешката состојба ја олеснија играчите, кои по предлог на Џорџо Киелини и Кристијано Роналдо, решија да се откажат од дел од платата за да можат другите работници во клубот да продолжат да добиваат редовно плата, и да не бидат отпуштени од работа.

Пример, Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра од неговата годишна плата.

Потсетуваме дека Роналдо, заедно со неговиот менаџер Жорже Мендеш, исто така донираа голема количина медицинска опрема во болниците во Лисабон и Порто за борба против коронавирусот.

Поврзани вести

Во Тотенхем веруваат дека Кејн ќе остане барем уште една сезона

По рекорден шести пат Лионел Меси ја освои „Златната топка“

Солскјер: Руни е класа, сите го сакаат

Сите играчи на Сити стануваат слободни агенти?

Влатко Зорба

Кени Далглиш позитивен на Ковид-19

Сон емотивно го доживеа непретпазливиот старт врз фудбалерот Гомеш

Влатко Зорба